Крем-колач со бисквити, готов за 20 минути

Потребни состојки:

3 ќесички ванилин шеќер
250 мл слатка павлака за шлаг
4 кесички пудинг од ванила
200 г густин
150 г шеќер
2 литри млеко
1 пакување бисквити

Начин на подготовка:

Од 2 литри млеко одземете 400 мл. Остатокот од млекото ставете го на оган, додадете шеќер и ванилин шеќер. Пудингот и густинот добро измешајте ги со 400 мл млеко, да нема грутчиња. Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од оган, намалете ја температурата на минимум и полека додадете ја смесата од пудинг и густин со постојано мешање. Вратете на оган и варете уште неколку минути додека убаво да се згусне. Кремот оставете го да се лади со повремено промешување и покријте го со фолија за да не се создаде кора. Слатката павлака изматете ја во шлаг и потоа соединете ја со изладениот крем. Кратко изматете со миксер за да можат убаво да се соединат во пенлив крем.

За подлога: бисквитите кратко натопувајте ги во млеко и редете ги во плехот или калапот како подлога. Одозгора излејте половина од кремот, па наредете втор слој висквити, па фил. На крај завршете со трет слој бисквити и декорирајте со шлаг или наросете шеќер во прав. Може да користите и само два слоја бисквити (горе и долу). За да биде поцврст кремот може во него да додадете и 1 инстант желатин.

Scroll to Top