Потребни состојки:
3 поголеми праски
8 кајсии
2 децилитри млеко (може да користите и млеко од ориз)
2 децилитри слатка павлака
30 грама шеќер
сок од половина лимон
Начин на подготовка:
Измешајте ги млекото, павлаката и шеќерот и загревајте ги на тивок оган додека не се стопи шеќерот. Излупете ги праските и кајсиите, исечете ги на коцки и додајте ги во смесата, па загревајте со мешање уште 2-3 минути. Тргнете ја смесата од оган и оставете ја да се излади. Додајте сок од лимон и добро изблендирајте во блендер. Ставете го кремот во чаша и послужете го ладен.