Кремаста салата од сирење и модар патлиџан

1 модар патлиџан

100гр фета сирење

1 лажица павлака

50гр толчени ореви

маслиново масло

 

Модриот патлиџан го печеме,го лупиме па го сецкаме.Потоа со вилушка го гмечиме да се добие кремаста маса (ако сакате може и во блендер)

Во патлиџанот го додаваме фета сирењето, павлаката, толчените ореви и маслото.

Убаво мешаме и салатата е готова!

Декорираме со листови спанаќ и јатки ореви.

Scroll to Top