Крцкави печени компири

Состојки:

2 кг компири, излупени и исечени на големи еднакви парчиња

250 мл маслиново масло

сол

свеж магдонос за украс

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Ставете ги компирите во големо тенџере и само покријте ги со солена вода. Покријте ги со капак и доведете ги до вриење, а потоа оставете да крчкаат 5 минути. Исцедете ги и малку протресете ги во цедалката.

 

Истурете го маслото во голема тава за печење и загрејте го на рингла. Внимателно наредете го компирот во еден слој – маслото треба да биде толку жешко што да почне да прска кога ќе ги ставите компирите. Превртете ги така што рамномерно да се обложат со масло и печете ги 40 минути, еднаш свртувајќи ги на другата страна.

 

Исцедете го маслото и зачинете со сол. Печете уште 5 минути. Испечените компири попрскајте ги со свежо сечкан магдонос.

Scroll to Top