3 топчиња сладолед од ванила
Мала чашка коцки мраз
Мала чашка ладно црно кафе
Половина чашка млеко
лажица какао во прав
100 милилитри шлаг-пена
Начин на подготовка:
Во блендер ставете го кафето, млекото, мразот и сладоледот. Матете додека не се изедначи смесата. Ставете го фрапето во чаша, изматете го шлагот, додајте го на врвот од чашата и наросете со какао. Уживајте во оваа совршена освежувачка напивка и во совршениот почеток на денот.