Потребни состојки:
1 лажица маслиново масло
1 исечкано чешне лук
250 г исечкани печурки
1 лажица исечкана мајчина душичка
200 г спанаќ, исчистен и измиен
300 г меко сирење
4 лажици изрендан пармезан
Начин на подготовка:
Во големо тавче загрејте го маслиновото масло и ставете го лукчето да се пржи околу една минута. Додајте ги печурките и мајчината душичка и гответе уште три минути додека да почнат да омекнуваат. Потоа додајте го спанаќот и мешајте додека да омекне. Тргнете го тавчето од шпорет, додајте го сирењето, една лажица пармезан и зачинете по вкус. Измешајте. Една четвртина од мешавината со спанаќ нанесете ја подеднакво на дното на садот во кој ќе се пече лазањата. Со листови лазања покријте ја смесата, нанесете мешавина со спанаќ и повторете ја постапката додека не се потрошат сите листови лазања. Завршете со последната четвртина мешавина од спанаќ. Одозгора наросете го остатокот пармезан и печете 35 минути во рерна загреана на 200 степени или додека лазањата да добие златножолта боја и да омекне. Сервирајте ја лазањата додека е топла.