Лазањи со компири

Потребни состојки:

2 килограми компир
400 грама салама
100 милилитри масло за јадење
3 лажици брашно
700 милилитри млеко
сол
црн бибер

Начин на подготовка:

Компирот излупете го, измијте го и ставете го да се вари во солена вода. Додека чекате компирот да омекне, почнете со подготовката на сосот бешамел. Ставете го маслото за јадење да се загрева, а потоа ставете го брашното. Оставете да се пропржи неколку минути. Потоа, полека додавајте го млекото и постојано мешајте ја смесата додека не се згусне. Тргнете го сосот од оган, зачинете и ставете ја во него ренданата салама. Во подмачкана тава за печење, наредете еден ред од варениот компир, кој претходно сте го исекле на крукчиња. Потоа истурете од смесата подготвена со салама и убаво распоредете. Додајте уште еден ред од компирот, а потоа повторно од бешамел сосот со салама. Постапката повторувајте ја додека имате компир и сос. Вака подготвената тава со лазањи од компир, ставете ја да се пече во претходно загреана рерна, на температура од 180 степени околу 30 минути.

Scroll to Top