Лазањи со моцарела и спанаќ

Потребни состојки:

500 г урда
100 г млад спанаќ
1 китка магдонос
1 главица кромид
1 помал морков
400 мл доматен сок
300 г тесто за лазањи
200 г моцарела
црн пипер
босилок
сол
масло

Начин на подготовка:

На малку масло пропржете го ситно исечканиот кромид, а потоа додајте го ренданиот морков, па сето тоа заедно кратко пропржете го. Сипете го доматниот сок, додајте го босилокот и зачини по желба и варете на средна температура, додека ја добиете посакуваната густина на сосот. Посебно помешајте ги урдата, пармезанот, исечканиот спанаќ и магдоносот. Во огноотпорен сад ставете малку од сосот од домати, па преку него наредете листови тесто за лазањи. Прекријте ги со малку од филот од пармезан и урда и ставете неколку крукчиња моцарела. Повторувајте ја постапката на филување по истиот редослед додека го потрошите материјалот. Завршете со тесто за лазањи, прелејте со сосот од домати и одозгора наредете моцарела. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 40 минути.

Scroll to Top