Леден чоколаден колач

Потребни состојки:

250 гр бисквити
150 гр млечно чоколадо
150 гр темно чоколадо
100 гр несолен путер
150 гр мед
100 гр сушени кајсии, сечкани
75 гр суво грозје
60 гр исечкани ореви или ф’стаци

Начин на подготовка:

Долг и тесен калап за печење прекријте го со хартија за печење. Изронете ги бисквитите со помош на сукало. Чоколадото, путерот и медот стопете ги над пареа. Повремено мешајте. Тргнете ја тавата од топлината и смесата истурете ја во бисквитите, кајсиите, суворо грозје и оревите. Убаво измешајте. Префрлете ја смесата во садот за печење и израмнете го врвот. Оставете да се излади, а потоа ставете го колачот на рамна чинија. Истопете го темното чоколадо и полијте на врвот и страните и вратете во замрзнувач 1-2 часа. Пред сервирање колачот префрлете го во обичниот дел од фрижидерот малку да омекне.

Scroll to Top