Летна салата за слабеење

Потребни состојки:

50 гр. киноа
1 парче пилешки гради
3 средни моркови
неколку поголеми листови кељ
неколку поголеми листови свежа зелка
1 свежа пиперка
4 лажички маслиново масло
4 лажички оцет
1 лажичка сенф
сол и бибер
малку исечкани јаткасти плодови (ореви, лешници или бадеми)

Начин на подготовка:

Киноата подгответе ја според упатството, оставете ја да се излади и ставете ја во чинија во која ќе ја подготвите салатата. Парчето пилешки гради исечкајте го на парчиња и подгответе го на маслиново масло, на тивок оган. Кога ќе биде готово, додадете го во киноата. На преостанатото масло пропржете ги морковите исечкани на тенки листови. Исецкајте ги кељот, зелката и свежата пиперка и додадете ги во останатите намирници. Подгответе прелив за салатата од масло, оцет, сенф, бибер и сол. Додадете ги исечканите јаткасти плодови, прелијте ја салатата и добро промешајте.

Совет:

Месото можете да го замените со риба, туната или лосос, на пример. Наместо киноа можете да користите кус-кус. Во салатата можете да додадете домати, свежа краставица, тиквичка, брокула или било кој друг сезонски зеленчук по избор.

Scroll to Top