Потребни состојки:
500+50 г меко бело брашно
1,5 лажичка сол
1 пакување (10 г) сув квасец или 20 г свеж
200 мл млако млеко
200 мл млака вода
1 лажичка шеќер
5 лажици масло
За премачкување на тестото:
125 г путер или маргарин
сирење по вкус
За премачкување на погачата:
1 жолчка
1 лажица вода
Начин на подготовка:
Измешајте ги млаката вода и млеко, додадете лажичка шеќер и квасец. Оставете неколку минути да се активира квасецот. Во сад за месење ставете 500 гр меко бело брашно, додадете сол и промешајте. Додајте ги квасецот и маслото, замесете меко тесто, колку да не се лепи на рацете. По потреба додадете уште малку брашно. Тестото обликувајте го во топка, прекријте го и оставете го да стасува околу половина час. Стасаното тесто премесете го, па поделете го на пет или шест еднакви делови. Од секој дел направете топче и расукајте го во тркалезна форма со дебелина од околу 5 мм. Секој круг премачкајте го со омекнат путер или маргарин, па наредете ги еден врз друг. Последното тесто не се премачкува.
Вака нареденото нека тесто нека отстои малку во фрижидер, па со сукало развлечете го во голем круг со дебелина од 6-7мм. Преку целата површина премачкајте го со путер, наросете со сирење по желба и свиткајте го во ролат. Ролатот малку истенчете го со рацете да добие во должина, па со остар нож сечете го на парчиња со дебелина од околу 1,5 см. Дното на тавата со пречник од 24-26 см обложете го со хартија, а ѕидовите премачкајте ги со путер. Покрај ѕидот на тепсијата редете ги парчињата исправено, а во средина редете ги со сечената страна кон горе. Оставете го тестото добро да стаса во плехот, на топло место. Премачкајте ја погачата со жолчка изматена со 1-2 лажици вода и наросете ја со сусам. Печете на 200 степени околу 5-10 минути, а потоа намалете на 180 степени и продолжете со печење уште 35-40 минути. Печената погача треба да е убаво румена и лесна на допир. Послужете ја кога малку ќе остине.