Правењето скара е многу опасно за сите нас. Тоа е така, бидејќи со правењето скара се ослободува канцерогена материја која се означува како акролеин. Затоа избегнувајте често правење скара.
Подобро е месото да го испечете во тава. Така нема да биде мрсно и ќе биде поздраво. Сепак, доколку повеќе сте за варијанта скара, тогаш не го сечете месото додека го пржите на скара.
Оваа маринада е идеална и здрава за правење скара:
– 3 или 4 чешниња лук
– маслиново масло
– малку оцет
– малку сол и бибер
Измешајте ги состојките, а потоа оставете го месото во нив да отстои. Скарата ќе биде превкусна.