Мафини со боровинки

Потребни состојки:

За тестото:

2 јајца
125 гр маргарин
прстофат сол
1 чаша кисела павлака или кисело млеко
1 лажиче екстракт од ванила
2 чаши брашно
1 прашок за пециво

Фил од боровинки:

1 1/2 чаша боровинки
2/3 чаша шеќер
2 лажици густин/нишесте
1 пакетче лимонтус

Начин на подготовка:

Во мало тенџерче се мешаат боровинките со 2/3 чаша шеќер и густинот и се загреваат додека се згустат како крем со често мешање. На крајот се додава лимонтусот. Се мати маргаринот со другиот шеќер и се додаваат едно по едно јајцата, при што секое се мати по една до две минути. Потоа се додаваат солта, половина од брашното со пецивото, па киселата павлака и на крај останатото брашно и ванилата. Секој калап за мафин до пола се полни со смесата, па се става од сосот од боровинки и врз него останатиот дел од смесата. Се пече околу 50 минути. Мафините се послужуваат топли.

Scroll to Top