Потребни состојки:
3 јаболка
3 јајца
120 гр шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
250 мл јогурт
80 мл масло
250 гр брашно
прашок за печиво
1,5 лажица цимет
Начин на подготовка:
Јаболката исчистете ги и изрендајте ги. На страна разматете јајца, шеќер, ванилин шеќер, јогурт, масло и во таа смеса додајте брашно, прашок за печиво и цимет. Сè добро измешајте и потоа во смесата додајте ги изренданите јаболка. Измешајте и наполнете ги калапите за мафини со подготвената смеса. Печете 20 минути на 180 степени. По желба мафините послужете ги со малку слатка павлака.