Мафини со мандарини

Потребни состојки:

2 јајца
120 гр шеќер
кора од портокал
120 мл масло
120 гр јогурт
120 мл млеко
340 гр брашно
2 лажички прашок за печиво6 мандарини
шеќер во прав

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата и шеќерот. Промешајте и додадете ја кората од портокал, маслото, млекото и јогуртот. Добро соединете. Додадете просеано брашно и прашок за печиво. Сè убаво измешајте со жица. Мандарините исечете ги на половина. Ставете ги во калап за мафини, па прелијте ги со смесата. Печете на 180 степени околу 30 минути. Посипете со шеќер во прав кога ќе остинат и послужете ги.

Scroll to Top