Потребни состојки:
200 гр јаболка
200 гр моркови
2 големи или 3 мали јајца
3 мали лажички печиво
100 гр шеќер
300 гр брашно
100 гр путер или маргарин
прстофат сол
Начин на подготовка:
Изрендајте ги јаболката и морковот. Во посебен сад измешајте ги јајцата со шеќерот. Матете со рачна маталка. Додадете ги морковите и јаболката, па преостанатите состојки една по една. Добро мешајте со шпатула за да изедначите, па распоредете ја смесата во калапи за мафини. Загрејте ја рерната на 200 степени. Штом заруменат, извадете ги, па послужете ги штом се изладат.