Мафини со сланина и јајца

Состојки

120 гр сланина (исечкана на ситни коцки)
½ чаша лук (ситно исечкан)
1 чаша рендано сирење или кашкавал за топење
¼ чаша брашно
1 лажиче прашок за печиво
¼ лажиче сода бикарбона
½ чаша млеко
путер
½ лажиче сол
5 лажички павлака
2 лажици масло или растопен путер
1 јајце

Начин на подготовка:

Најпрвин се пржи сланината, која е ситно исечкана. Кога ќе стане крцкава, се трга од шпоретот и се става на хартија за да се впие маснотијата. Во длабок сад се мешаат брашното, прашокот за печиво и сода бикарбоната, а во друг сад се мешаат млекото и путерот, солта, павлаката, маслото и јајцето. Кога добро ќе се промешаат, се додаваат другите состојки и се спојуваат. На крајот се додаваат лукот, ренданото сирење и испржената сланина. Сите состојки треба убаво да се измешаат.

Рерната загрејте ја на 180 степени. Калапот за мафини треба да се премачка со растопениот путер. Во секое дупче од калапот ставете по три лажици од добиената смеса. Оставете да се печат 30-ина минути или додека не се вцрвенат.

Scroll to Top