Потребни состојки:
2 јајца
200 мл јогурт
160 мл масло
1 чаша (од 200 мл) шеќер
2 чаши (од 200 мл) брашно
2 ванилин шеќер
1 прашок од печиво
100 г црно чоколадо
300 г вишни
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќерот додека да се растопи, па додадете јогурт и масло. Брашното измешајте го со прашок за печиво, па соединете го со изматената смеса. Чоколадото искршете го на коцки, па додадете ги во смесата и промешајте со лажица. Додадете 2/3 од вишните претходно исцедени од сокот и наросени со лажица шеќер. Смесата ставајте ја во калапи кои сте ги намастиле со путер или во хартиени корпи. Врз секој мафин ставете по неколку вишни. Печете ги 20-тина минути на 200 степени.