СОСТОЈКИ:
- макарони
- сланина
- кашкавал
- горгонзола сирење
- пармезан
- павлака за готвење
- зачини по желба
Начин на подготовка:
Откако ќе ги сварите макароните процедете ги и ставете ги во подлабок сад. Додека се врели додајте ги кашкавалот, сирењето, горгонзола и пармезанот. Промешајте додека да се соединат состојките.
Во посебен сад за готвење пропржете ја сланината. Исцедете ја од маслото додајте и ја во садот со макароните.
Потоа, прелијте ги макароните со павлака за готвење и додајте зачини по желба. По вкус, може да се додаде и ситно исецкан магдонос, како и свеж или лук во прав.
На крајот повторно промешајте и украсете со Пекабеско шунка. Се сервира топло.