Потребни состојки:
2 домати
2 краставици
2 црвени пиперки
200 г белгиски зелкички
зелена салата
1 главица кромид
100 г зелени маслинки
оригано
1 варен компир
сол
црн пипер
Начин на подготовка:
Исечете ги доматите, краставицата, компирот и листовите зелена салата и ставете во поголем длабок сад. Додајте тркалца пиперка и на нив варените зелкички. Тркалцата кромид распоредете ги по салатата. Зелените маслинки исечете ги на половина и додајте во садот. Зачинете со оригано, маслиново масло, сол и црн пипер.