Потребни состојки:
400 грама компири
400 грама кисела павлака
200 грама мајонез
4 јајца
300 грама шунка
100 грама кашкавал
лук, сол и црн пипер
Начин на подготовка:
Компирите и јацата сварете ги одделно. Изрендајте ги во посебни чинии. Соединете ја киселата павлака со мајонезот, па потоа додадете го лукот, кој претходно ситно сте го исечкале, и јајцата. Посолете и зачинете со црн пипер по вкус.
На дното од стаклена чинија ставете ред компири. Премачкајте со преливот од павлака и мајонез, па ставете ред изрендана шунка. Повторно ставете од преливот, па преостанатиот компир, прелив, шунка, прелив и најодозгора изрендајте кашкавал.