Мини погачи со сирење

Потребни состојки:

1 кг. брашно,
250 гр. маргарин,
400 гр. свежо сирење,
1 лажица сол,
едно јајце,
ќесичка сув квасец,
100 мл. млака вода
сусам и ким

Начин на подготовка:

Ставете го квасецот да стаса. Потоа, додајте ги брашното, сирењето, маргаринот и солта. Измешајте добро додека не добиете хомогена смеса. Замесете тесто и оставете го 30 минути да надојде. Потоа, исукајте го тестото да биде што потенко, па свиткајте го во ролат. Оставете го да отстои десет минути, па расукајте го уште еднаш. Со модла или чаша извадете тркалца од тестото, наредете ги во тава намачкана со маргарин или хартија за печење, премачкајте ги со изматено јајце, наросете со сусам и ким и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Scroll to Top