Млади компири со млад кромид

Потребно :

1 кгр млади компири (најситни)

по желба млад кромид сосе перца

150 гр путер

1 лажиче буковец

Компирите измијте ги и извадете ја лушпата. Ставете ги во тавата со малку вода. Покријте со капак на тивок оган и оставете ги да им се земе водата. Кога ќе испари водата, а компирите ќе бидат речиси обарени, додаваме парче путер и, околу 120 грама. Продолжуваме во тавата да ги пржиме додека не се заруменат и замирисаат. Посолуваме сол по вкус, црн бибер, буковска пипер и сосема пред крај додаваме ситно насечкано млад кромид со перцата и ситно сечкан магдонос.

Овој прилог оди со месо, но можете и само во комбинација со црн леб .

Scroll to Top