Модри патлиџани во бешамел сос

Потребни состојки:

2 модри патлиџани
1 лажица лебни трошки
2 лажици рендано биено сирење или пармезан
1 лажица путер
1 1/2 лажица брашно
1 лажица зачинал
околу 400 мл млеко
150 г шери домати
масло
сол

Начин на подготовка:

Модрите патлиџани измијте ги, исечете ги на тркалца дебели 5 мм, посолете ги и оставете ги да стојат 30 минути. Ставете ги на кујнска хартија да ја впие водата. Измачкајте ги со масло и испечете ги во рерна или на тостер. Наредете ги во тава намрсена со масло и наросена со лебни трошки. Врз нив нанесете од ренданото сирење. Направете го бешамел сосот – во друга тава ставете го путерот и на тивко запржете го брашното да порумени. Потоа постепено додавајте го млекото мешајќи со жица да се добие густ сос без грутчиња. Додајте зачинал, промешајте и со сосот прелијте ја содржината во тавата. Наредете ги шери доматите и печете 20-тина минути на 200 степени.

Scroll to Top