Мраморна торта без печење

Потребни состојки:

За кората:
150 г бисквити

За црниот фил:
130 г шеќер
45 г брашно
20 г какао во прав
500 мл млеко
15 г путер
2 мл екстракт од ванила

За белиот фил:
130 г шеќер
45 г брашно
500 мл млеко
15 г путер
2 мл екстракт од ванила

За глазурата:
200 мл топла вода
30 г шеќер
25 г какао во прав
20 г густин
15 г путер
75 г темно чоколадо

Начин на подготовка:

Во калап со пречник од 26 см обложен со хартија за печење се редат бисквитите на дното, исправени по рабовите. Во млекото се додава густин, екстракт од ванила, какао и шеќер, па сето тоа добро се меша и се загрева на тивок оган за да се добие густа, но мазна смеса, со постојано мешање. За белиот фил се повторува постапката, само што во него не се додава какао. По средината на калапот, наизменично, се долева по малку од двата фила. Ова се повторува додека се потроши целиот фил. Се става во фрижидер да се лади околу еден час.

За глазурата, се топи шеќерот во водата заедно со густинот и какаото, на тивок оган, со постојано мешање. На крај, се додава црно чоколадо и се меша додека се стопи целосно. Кога ќе се олади малку, се прелева преку тортата и рамномерно се распоредува. Се лади во фрижидер 3 часа пред послужување. По желба се украсува со чоколадни бонбони.

Scroll to Top