Потребни состојки:
10 праски
2 децилитри свежо цеден сок од лимон
3 децилитри вода
1 лажица желатин
70 грама шеќер
250 милилитри шлаг
неколку ливчиња нане
Начин на подготовка:
Излупете ги праските, исечкајте ги на ситни парчиња и ставете ги во блендер. Додајте сок од лимон и мешајте додека не добиете густо пире од овошје. Оставете го во блендерот додека не дојде време за следниот чекор.
Ставете ладна вода во помал сад, додајте желатин и мешајте додека не се стопи. Почекајте 4-5 минути, потоа додајте шеќер и ставете го на оган. Загревајте го 1-2 минути, со постојано мешање, додека не се стопи шеќерот.
Додајте ја смесата од желатин во пирето од праски и мешајте неколку минути додека не се соединат состојките. Префрлете ги во сад и оставете ги во фрижидер барем 2 часа додека не се зацврсти смесата.
За тоа време, измешајте го шлагот и додајте го во изладената смеса од праски. Добро измешајте и префрлете ја во стаклен сад. Украсете ја со ливчиња нане и парчиња праска.