Мусака со пилешко месо и зеленчук

Потребни состојки:

350 г пилешко бело месо
1 главица кромид
1 пиперка
2 стебленца целер
150 мл млеко
100 г кашкавал
1 модар патлиџан
1 јајце
Сол, црн пипер

Начин на подготовка:

Сварете го пилешкото месо во солена вода, а потоа исечете го на коцки. Зеленчукот измијте го и исчистете го. Кромидот исечкајте го на ленти или коцки, а пиперката и целерот на коцкички. Запржете го кромидот на малку маслиново масло, а потоа додадете ги исечканата пиперка и целерот. Модриот патлиџан исечете го на тркалца, па и него запржете го. Додадете го издинстаниот зеленчук во сечканото месо и целата смеса ставете ја во сад за печење. Најгоре ставете го модриот патлиџан. Јајцето изматете го со млекото и кашкавалот, па прелијте преку месото и зеленчукот. Одозгора изрендајте уште малку кашкавал. Печете во рерна на 220 степни.

Scroll to Top