Мусака со тиквици

Потребни состојки:

3 тиквици со средна големина
5 јајца
200-300 гр фета сирење
200 мл кисела павлака
1 чаша од 2 дл масло
1 чаша од 2 дл гриз
4 лажици бело брашно
прашок за печиво
сол по вкус
кашкавал по желба

Начин на подготовка:

Изрендајте ги тиквиците со кора, додајте гриз, брашно и прашок за печиво. Добро измешајте, направете вдлабнатини во мешавината па додајте павлака, јајца и масло. Сè добро измешајте, па ренданото фета сирење додајте го во смесата убаво да се соедини. На крај можете да изрендате и малку кашкавал. Ставете ја смесата во подмачкана тава и печете околу половина час во претходно загреана рерна на 210 степени.

Scroll to Top