Намаз од црвена пиперка и фета-сирење

Потребно е:

4 големи печени црвени пиперки

75 гр фета-сирење

1 чешне лук

2 лажици маслиново масло

прстофат свежо (или суво) оригано

малку сол (ако сирењето не е многу солено)

маслиново масло

Подготовка:

Испечете ги пиперките, излупете ги и исчистете ги од семките. Оставете ги убаво да се изладат.

Пиперките ставете ги во блендер, додадете маслиново масло, исечкано фета-сирење, оригано, лукче и убаво иситнете ја целата смеса.

Пробајте го намазот дали е доволно солен, ако не е, додадете уште малку по вкус. Убаво измешајте.

Намазот може да го чувате во фрижидер 5-7 дена.

Scroll to Top