Направете сами крем банани

Неодоливо, слатко, а создадено во домашната работилница.
Состојки:

• 200 мл. вода
• 750 г. шеќер
• две кесички желатин
• екстракт од банана (количината зависи од вкусот, па можете да ставите пола или цело шишенце)
• 100 г. чоколадо

Подготовка:

1. Зовријте ги водата и шеќерот додека не почнат да пенат, па оладете ги. Додадете желатин изматен во малку вода, вратете на тивок оган и мешајте 5 минути.

2. Тргнете го од оган и матете со миксер уште пет минути, па додадете екстракт од банани и уште малку матете со миксер.

3. Премачкајте калап (или тепсија) со масло и брзо сипете ја смесата, па премачкајте ја со глазура од растопено чоколадо и ставете ја во ладилник.

Напомена: Според овој рецепт бананите се прават во тепсија, а доколку најдете калапи можете да ги направите и во оригинален облик на банани или некоја друга форма по желба.

Scroll to Top