Нутела колач од три состојки

Состојки: 
1 чаша нутела
2 јајца
1/2 чаша брашно

Подготовка:

Нутелата, јајцата и брашното изматете ги со миксер додека не добиете фина, хомогена смеса. Подмачкајте го садот за печење, истурете ја смесата и печете во загреана рерна на 180 степени околу 15. минути. Кога колачот ќе биде испечен, извадете од рерната, оставете малку да се излади, исечете на коцки и сервирајте. Можете да го полиете со уште малку нутела и да додадете лешници, матена слатка павлака или овошје за послужување.

Scroll to Top