Нутриционистите препорачуваат: Не варете ја брокулата

Брокулата може да се подготвува на многу начини, а варењето е еден од нив. Но, нутриционистите велат дека на тој начин се уништуваат сите вредни нутриенти што ги поседува зеленчукот, како и Б и Ц-витамините. Според нив, при варењето на брокулата се разложуваат и глукозинолатите за кои се смета дека се добри во борбата против канцерогените клетки.

Нивна препорака е брокулата да се подготвува на пареа – доволно е една помала чинија да ставите над тенџере со зовриена вода и да ја поклопите неколку минути.

Брокулата може да се подготви и во микробранова печка бидејќи на тој начин ќе ги зачуваат сите лековити својства – ставете ја во чинија, додајте една лажица вода и поклопете со друга чинија.

Според нутриционистите, подготвувањето на брокулата на пареа е најдобриот начин да се зачуваат нивните нутриенти.

Scroll to Top