Падобранци со бадеми и чоколадо

Потребни состојки:

2 белки
2 лажици шеќер
80 гр мелени бадеми
100 гр шеќер во прав
1/2 лажиче нес кафе

Фил:

2 жолчки
3 лажици шеќер
50 гр чоколадо
100 гр путер
50 гр мелени ореви

Начин на подготовка:

Измиксајте ги белките со шеќерот, да се добие цврст шам. Шеќерот во прав измешајте го со бадемите и кафето и додајте го во белките. Убаво измешајте го да се добие не многу течна смеса. На плех прекриен со хартија, со помош на најлонче на кое сте му го пресекле врвот, истискувајте по малку од смесата. Оставајте простор меѓу нив зашто малку нараснуваат.

Вклучете ја рерната на 150 степени и кога ќе се загрее ставете го плехот. Печете петнаесетина минути. Оставете ги колачињата да се изладат, па извадете ги од плехот.

За филот, убаво измиксајте ги жолчките со шеќерот и варете на пареа додека не добиете убав, густ крем (околу десетина минути). Ставете го чоколадото да се растопи и тргнете го да се олади. Потоа спојте го со путерот и додајте ги оревите. Филувајте ги и оставете ги во фрижидер неколку часа пред да ги служите.

Scroll to Top