Палента со сос од печурки

Потребни состојки:

160 гр праз
650 гр домати
400 гр свежи печурки
200 гр домашен кечап
200 гр палента
Лук по вкус
120 гр црвена леќа
Сол, зачини, босилок, магдонос

Подготовка:

Палентата сварете ја вообичаено, сипете ја во тепсија и кога ќе се излади, исечете ја на коцки. Сварете ја црвената леќа, а исецканиот праз динстајте го на масло додека омекне. Додадете ги печурките, а по десет минути и исечканите излупени домати. Зачинете, па додадете го доматниот сос. Ставете малку бело вино и зачинете со босилек. Со сосот прелијте ги парчињата палента.

Scroll to Top