Печен лосос во фолија

1кг лосос

1/2 китка магдонос

1 главица лук

3 лажици путер

5 лажици маслиново масло

1 лажица мешан сув зачин

2 лажичиња мелен црн бибер

1 лажица мелен бадем

1/2 парче лимон (сок од лимон)

 

За фил

Китката магдонос ја миеме и сечкаме на ситно, лукот го чистиме од лушпите и го ситниме исто така. Сето ова го ставаме во еден сад каде ќе ги помешате состојките.

Додадете масло и мешан зачин, а потоа посолувате со сол и бибер.

Попрскајте со мелен бадем и таа смеса ќе ја промешате. Премачкајте го цело парче риба со фил.

Направте засеци на парчето риба и премачкајте ги со  филот.

Парчињата путер ги поставуваме во, под и околу рибата.

Попрскуваме лимон врз рибата.

Убаво затворете ја во фолијата и редете ја на тавче.

Се пече 30 минути на 200 степени, а потоа се исклучува рерната и се остава уште 15 минути на топло.

Откако ќе поминат првите 30 минути, се отвора фолијата, па се остава уште 15 минути така отворена, да се засуши  рибата.

Вака подготвената риба има одличен вкус.

Scroll to Top