Печени јаболка со цимет и ореви

Потребни состојки:

4 поголеми јаболки

4 лажици омекнат (не стопен) несолен путер

1/2 чаша кафеав шеќер

3/4 лажичка цимет

3-4 лажици сечкани ореви

Начин на подготовка:

Јаболките убаво измијте ги и издлабете ја средината со семките

речиси до дното. Путерот, шеќерот, циметот и оревите измешајте ги во еден сад. Со лажичка наполнете ги издлабените јаболки и притиснете го филот да се збие. Во тава за печење налејте вода да се покрие дното и наредете ги јаболките со филот нагоре. Печете ги јаболките во рерна претходно загреана на 200 степени Целзиусови околу еден час или додека да омекнат јаболките и послужете ги додека се уште топли.

Scroll to Top