Печени ќофтиња од тиквици

2-3 тиквици

2 јајца

1 прашок за печиво

3 лажици гриз

100 г сирење

по потреба брашно

Изрендајте ги тиквиците, додадете сол и оставете да се цедат 20 мин. Истискајте ги и префрлете ги во сад. Додадете ги јајцата, сирењето, прашокот за печиво, гризот и брашно. Измешајте. Ако е многу течно по потреба додајте брашно или гриз. Само не претерувајте, не треба да е смесата како тесто, ниту премногу течна. Готовата смеса со лажица ставајте ја на плех обложен со хартија за печење. Печете ги 15 мин на 180 степени, во зависност од шпоретот, да не изгорат.

Одлична комбинација се изладени со кисело млеко или павлака.

Scroll to Top