Печени компири со маслинки и сирење

Потребни состојки:

1 кг компири
1 кромид со средна големина
2-3 чешниња лук
маслинки (количина по желба)
сол, бибер, вегета
200 гр рендано сирење
маслиново масло (или обично)

Начин на подготовка:

Сварете го компирот и оставете го целосно да се олади. Исечкајте го кромидот, посолете го и малку пропржете. Додадете ги сечканите маслинки и исечканиот лук. Промешајте, динстувајте кратко и тргнете ја тавата од оган. Изрендајте ги целосно оладените компири и додадете ги кромидот и маслинките. Зачинете, додадете маслиново масло и промешајте. На крајот додадете ½ од ренданото сирење, па целата смеса распоредете ја во тава за печење, која претхотно сте ја намрсиле. Преку смесата пропрскајте го остатокот од ренданото сирење и печете на 180 степени додека не добие малку боја.

Scroll to Top