Печени плескавици од тиквички и сирење

Потребни состојки:

200 гр брашно
2 тиквички
3 моркови
2-3 лукчиња
200гр сирење
1 јајце
1 пециво
1 шака магдонос
1 лажичка куркума
бибер по вкус
сусам по желба

Начин на подготовка:

Ги лупиме и рендаме тиквичките и морковите. Го сечкаме магдоносот и ситно го сечкаме лукот. Додаваме куркума и бибер во смесата. Го додаваме јајцето и ренданото сирење, па соединуваме. На крај го додаваме брашното во кое сме го промешале пецивото.

Со лажица за сладолед земаме од смесата и редиме топки во нелепливо тавче. Секоја топка нежно ја притискаме и формираме во облик на плескавица. Наросуваме сусам и ги печеме на околу 180 степени со вентилатор.

Забелешка:

Тиквичките треба да ги изрендате и оставите да се исцедат, па со рака да ги процедите. Смесата не треба да ви е многу ретка ниту пак премногу густа. Тоа зависи од влажноста на тиквичките.

Scroll to Top