Печено свинско во кромид

Потребно:

500 гр свинско месо

1 главица кромид

црвен пипер

пиперка

сол

ловоров лист

50-60 мл масло

Подготовка:

Месото се мие и се чисти. Измешајте го маслото и зачините заедно со солта во садот. Месото се мачка со смесата. Ставете го во сад за печење. Околу месото, се сече кромидот на тркала за да даде вкусот на месото. Додадете малку вода и ловоров лист за повеќе вкус. Обвиткајте ја тавата со фолија и печете 2-3 часа на 160 степени.

Потоа откриете го месото, а температурата зголемете ја на 220 степени и печете до добивање на кора.

Scroll to Top