Пилешка крем-салата

200 гр пилешки стек

5 кисели краставички

3 листови ајдамер

100 гр маринирани печурки

6 лажици кисела павлака

3 лажици мајонез

1 зрело авокадо

неколку гранчиња свеж магдонос

1 лажица маслиново масло

за маринирање на месото

пола лажиче сенф

Се маринира стекот. Се соли, се наросува со зачините и се премачкува со сенфот. Парчето стек се пржи во обична или во грил-тава.

Додека, се приготвува стекот, се приготвуваат и останатите состојки. Краставичките се рендаат на ренде, маринираните печурки и кашкавалот се сечкаат на поситни парчиња.

Во друг сад, со виљушка се пасира авокадото. Тука се додаваат павлаката и мајонезот. Се изедначува сè заедно, па се додава и маслиновото масло. Кремот се соли по вкус и се зачинува со мелен црн пипер.

Изладеното месо се цепка со виљушка или се ситни на ситни парченца.

На крај, сите состојки се соединуваат. Во салатата се додава и ситно сечканиот магдонос.

Се остава салатата да се излади, па се служи.

Scroll to Top