Пилешки плескавици со тиквички

 

Потребни состојки:
450 g пилешко месо, многу ситно сечкано, а може и мелено
1 тиквичка со средна големина, излупена, изрендана и исцедена од вишокот вода
1 чешне лук, ситно сечкано
¾ лажичка сол
½ лажичка црн пипер
¼ лажичка кромид во прав
масло
*лебни трошки (по избор)
Начин на подготовка:

1. Помешајте ги сите наведени состојки (освен кокосовото масло) додека добро не се соединат. Смесата треба да биде влажна. Доколку сметате дека смесата ќе ви се распаѓа бидејќи е премногу мека, слободно додадете малку лебни трошки.

2. Формирајте мали топчиња, а потоа обликувајте ги во плескавички.

3. Пржете ги на загреано  масло на средна температура, 5-6 минути од секоја страна или додека плескавиците добро не се заруменат.

4. Сервирајте ги додека се топли.

Scroll to Top