Пилешки прсти со лук

Потребни состојки:

1 кг пилешки гради
2-3 чешниња лук
3 супени лажици брашно од пченка
4 јајца
лебни трошки
сол
црн пипер
црвен пипер
коријандер

Начин на подготовка:

Сварете пилешки гради. Исцедете ги од водата и исечете го месото на поголеми парчиња. Истолчете го лукот и измешајте го со месото. Измешајте ги зачините па и нив додајте ги во месото. Извалкајте го секое парче прво во брашно, па во изматено јајце и на крај во лебните трошки. Испржете го месото, ставете го на хартија да се исцеди вишокот масло, па послужете ги.

Scroll to Top