Пилешки стек со печурки

4 парчиња пилешки стек

100гр чадена сланина

100гр свежи печурки

3 лажици доматен сос

300 мл вода

2 лажици нишесте

сол,масло за јадење,мелен црн бибер,мешан зачин и шарена сол

Стекот го сечеме на парчиња го посолуваме и го пржиме на средно загреано масло.Пржиме убаво од двете страни.

Кога стекот е испржен во истото масло ја додаваме сецканата сланина и сецканите печурки и се заедно пржиме уште неколку минути.

Ги додаваме зачините и доматниот сос.Убаво мешаме и полеваме со 300 мл топла вода.

Оставаме да се динста околу 20 минути.

На крај додаваме 2 лажици нишесте растворени со малку вода и оставаме да динста уште околу две минути.

Стекот подготвен на овој начин е многу сочен со преубава арома на сланина и печурки.Предноста на овој рецепт е што за кратко време имаме многу вкусен оброк.

Scroll to Top