Потребни состојки:
4 парчиња пилешки гради
сол и свежо мелен бибер по вкус
6 чешниња лук
1/2 шолја јогурт
1/2 лажичка мајчина душица
1/4 шолја презла
Начин на подготовка:
Пилешките гради посолете ги и ставете бибер по вкус. Во друг сад ставете ги лукот, јогуртот и мајчината душица и промешајте. Истурете го јогуртот врз пилешките гради и убаво измешајте. Покријте ги со пластична фолија и ставете ги во фрижидер 4-6 часа. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во тавата за печење ставете малку масло за готвење, па ставете го пилешкото месо од садот. Претходно отстранете го остатокот од јогуртот. Наросете презла врз пилешките гради. Печете 40-45 минути сè додека пилешкото не е готово. Послужете го топло.