Пилешко со праз во тесто

Потребни состојки:

За тестото
250 г путер
350 г брашно плус за наросување
¾ лажиче сол
9-10 лажици студена вода

За полнењето
1 кг бело месо
свежа или сушена мајчина душичка
1 лимон
1 кромид
200 г праз
1 ½ пилешки бујон
200 г шунка
150 г замрзнат грашок
2 лажици свежо исечкан магдонос
80 г брашно
1-2 лажици павлака за готвење
1 жолчка
сол, бибер

Начин на подготовка:

За тестото прво изладете го путерот во фрижидер, па извадете го и исечете го на ленти и измешајте го со брашното; додадете сол и студена вода и месете со раце додека да добиете меко тесто, а кога ќе биде готово оставете го во фрижидер додека да ја подготвите питата. Загрејте ја рерната на 200 степени.

За полнењето, прво исечкајте го пилешкото и пропржете го на 20 грама путер. Посолете и додајте бибер и мајчината душичка. На останатиот путер издинстајте го празот неколку минути, да омекне. Ставете го пилешкото во длабок сад со исечканата шунка, прелејте со пилешки бујон и варете; пред крај додадете го грашокот и магдоносот. Кога течноста ќе се смали на приближно 600 милилитри, загрејте малку путер или масло, пропржете го брашното па залејте го со малку бујон и павлака и ставете го тоа во тенџерето. Оставете да се крчка уште неколку минути. Тргнете го тенџерето од оган, измешајте ги празот и сокот од лимон. Извадете го изладеното тесто, исечете на два дела, еден помал, друг поголен, и развлечете го поголемото парче во круг со пречник од 30 сантиметри, да можете да ја покриете тркалезната тава во која ќе ја печете питата. Распоредете ги пилешкото и празот рамномено одозгора, а со другиот дел од тестото покријте ги и премачкајте го жолка. Печете во загреана рерна околу еден час, додека да добие златна боја.

Scroll to Top