Потребни состојки:
300 гр пилешко бело месо
150 гр печурки (шампињони)
100 гр моркови
3 пиперки (црвена, жолта и зелена)
2 тиквички
сол, црн пипер, црвен пипер по вкус
магдонос
1 лажичка маслиново масло
2 лажици сос од домати
Начин на подготовка:
Загрејте го маслото во тефлонска тава, а потоа додадете го месото исечкано на коцки. Пржете кратко, па додајте ги исечканите печурки и моркови. Кога зеленчукот ќе омекне, додајте сечкани пиперки и тиквички. Промешајте сè и кратко динстајте. На крај додајте зачини и сосот од домати.