Пилешко во сос со печурки

Потребни состојки:

800 гр пилешко месо (батак и карабатак)
2 јаболка
100 гр печурки
1 главица кромид
200 мл пилешка супа (бујон)
Сол и бибер
Сенф
Масло

Начин на подготовка:

Премачкајте го пилешкото месо со сенф и зачини и пропржете го на масло около 1-2 минути додека да добијат убава кора. Извадете го месото и ставете го на чинија. Исечкајте го кромидот и пропржете го. Додајте ги исечканите печурки и динстајте. Излупете ги јаболката и исечкајте ги на ситни парчиња. Вратете го пилешкото, додајте супа, додајте ги јаболката и печете во рерна околу 30 минути. Доколку сосот е редок откако ќе го извадите од рерна, оставете го уште малку на оган за да се згусне.

Scroll to Top