Состојки:
– 400 грама пилешко филе;
– 250 грама павлака за готвење;
– 50 грама сирење горгонѕола;
– 50 грама моцарела сирење;
– 50 грама трапист сирење;
– 1 главица кромид;
– масло по потреба;
– бибер;
– сол;
– вегета.
Подготовка
Пилешкото месо исечете го на коцки. На загреано масло додадете ситно исецканиот кромид кој малку ќе го издинстрате и потоа додадете го месото. Мешајте и додадете зачини. Пред месото да биде готово, додајте ја павлаката за готвење и сирењата, но да бидат изрендани. Сето тоа измешајте го убаво.
Јадењето може да го сервирате со помфрит или пак некоја убава салата.