Пинџур во тегли: оригинален рецепт за вкусна зимница

By

Потребни состојки:

2,5 кг пиперки
2,5 кг домати
1кг модар патлиџан
неколку лути пиперки (по желба)
свеж магдонос
3-4 чешниња лук
350 мл масло
сол и шеќер по вкус
200 мл вински оцет

Подготовка:

Пиперките, доматите и модрите патлиџани испечете ги. Потоа излупете ги и исечете ги на коцки. Пиперките исечкајте ги на ленти и почнете со готвење. Во голем сад ставете ги маслото, оцетот и доматите, па додадете една лажичка сол и една лажичка шеќер.

Гответе додека не испари водата, околу 50-60 минути. Потоа додадете ги пиперките и модрите патлиџани и продолжете со готвењето. На крајот додадете го лукот и ситно исечканиот магдонос. По вкус, поселете уште малку. Промешајте за сè убаво да се соедини.

Во стерилни жешки тегли ставете го направениот пинџур. Потоа убаво затворете ги и ставете ги во рерна на 90 степени околу 1 час. Потоа исклучете ја рерната и оставете ги да преноќат.

Ќе ви се допадне